Малолетници од струшкото село Подгорци, заедно со нивните родители, денес во Струга протестираа барајќи да го продолжат образованието во Подгорци, а не во Лабуништа, согласно одлуката донесена од страна на министерството за образование.

И покрај одлуката на надлежното министерство, тие изјавија дека нивните деца од понеделник наставата на албански јазик ќе ја следат во Подгорци, за што сами имале обезбедено средства, простории и наставен кадар.

Тие најавувајќи кривични пријави против екс министерот за образование Тодоров, сегашниот министер Кралев, неговиот заменик и челните луѓе во струшката локална власт, за решавање на проблемот побараа помош од релевантните фактори во земјава, меѓународните претставници, преставниците на албанската Влада  во Албанија и Владата на Косово да се ангажираат да се реши проблемот со наставата на нивните деца на албански јазик. Бараат да не им бидат изгубени изминатите три години од школувањето во Подгорци, каде учеа во нелегални паралелки.

Како што појасна градоначалникот Мерко, и покрај тоа министерството одлучило да им се доделат сведителства на учениците за изминатите три години, но школувањето да го продолжат во Лабуништа, бидејќи во Подгорци нема доволен број на албански ученици за да работи школото. Тој апелира политиката да не се меша во образованието.

OhridNews