Струга викендов беше домаќин на Балканската конференција за глуви и наглуви лица.

Претставници од националните здруженија на Македонија, Албанија, Косово, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска изминатите два дена расправаа за проблемите со кои се соочуваат глувите и наглувите лица. Притоа беше посочено дека е потребен поголем ангажман на властите во државите од Балканот за нивно решавање и подобрување на статусот на лицата со оштетен слух. Посебен акцент беше ставен на потребата од подобрување на образованието на глувите и наглуви лица, кои најчесто се квалификуваат за општи работници.


Во Струга се одржа Балканска конференција за глуви и наглуви лица

OhridNews
фото: „Варе“