Во рамките на проектот „Соочување со минатото во Македонија и Црна Гора“ во организација на Националниот Совет за родова рамноправност денеска во Струга се одржа трибина на тема „Родовата перспектива на транзиционите права“.

Една од целите на трибината беше и запознавање со иницијативата „Женски суд“, ширење на свеста за родовиот аспект на транзициската правда, како и зачувување на мирот и безбедноста на балканските простори.

Според претстедателката на Националниот совет за родова рамноправност Светлана Јанева, станува збор за активности поврзани со родово-феминистичкиот пристап кон транзициската правда на жените од деведесеттите години до денес.

– Иницијативата започна во деведесеттите години на просторот на поранешна Југославија во земјите коишто беа директно засегнати во војната. Целта на работилницата е вклучување и активности и исправање на неправдите предизвикани во транзицискиот период на сите жени од овие балкански простори, вели Јанева.

Во рамките на денешната трибина беше прикажан и филмот „Женскиот суд- феминистички пристап кон правдата“ преку кој учесниците можеа да ги слушнат неправдите на жената низ целиот свет предизвикани од воени, религиозни и традиционални причини.

OhridNews
МИА