Во петок, Струга ќе биде домаќин на Меѓународниот научен собир : „Браќа Миладиновци и времето на Македонската преродбата од XIX век” и Свечената академија по повод годишнината од “Зборникот на Миладиновци”.

Собирот, во 11 часот  свечено ќе биде отворен во  Спомен-домот на Браќата Миладиновци. Предвидени се обраќања на директорот на струшкиот музеј, Сашо Цветковски, академик Блаже Ристовски како и претставници од МАНУ и од министерството за култура.

Вечерта, со почеток во 19 часот и 30 минути, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи и Свечената академија по повод „150 години од Зборникот на Миладиновци” на која за значењето на зборникот ќе говорат Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, министерот за култура, Елизабета Канческа-Милевска и претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов.

OhridNews