Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „тешка кражба“ и едно казнено дело „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на Струга. Истиот издржувал затворска казна во Казнено поправната установа во Прилеп од каде бил пуштен на дводневен викенд во Струга.
Пријавениот, казнените дела ги извршил во текот на минатиот месец употребувајќи подесен алат со кој ги скршил стаклата од два патнички автомобили паркирани во близина на фудбалскиот стадион во Струга.
На 19 и 20-ти август во времето од 13.30 до 14.00 часот, пријавениот, користејќи соодветен алат, извршил кршење на задните стакла од патнички автомобили марка „Фолксваген Пасат“ со кичевски регистарски ознаки и „Голф“ со тетовски регистарски таблички, по што влегувал во возилата и вршел пребарување во внатрешноста. Притоа, одземал пари, облека, ташни и други предмети. На 20-ти август околу 14 часот, по претходно извршена кражба во возило, пријавениот се упатил на плажата во близина на стадионот. Тука тој бил фатен во момент кога сакал од алиштата на жител на гостиварското село Дебреште да одземе ташна во која имало 500,оо денари.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад на службено лице при вршење работи од безбедноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42-годишен охриѓанец.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека пријавениот, казненото дело го сторил на 30-ти јули годинава, во 21 часот и 30 минути на булевар „Туристичка” над Градскиот пазар, во момент кога униформиран полициски службеник преземал мерки за спречување на нарушен јавен ред и мир.
– Пријавениот кој бил на местото на настанот, вербално го нападнал полицискиот службеник барајќи од него да си оди од местото и да не се меша во нарушувањето со образложение дека сами ќе го решеле проблемот. Откако, полицискиот службеник му издал јасна и недвосмислена наредба да остани на страна и продолжил со преземање службени мерки за расчистување на нарушувањето, пријавениот извршил физички напад, удирајќи го полицискиот службеник со десниот лакт од раката во пределот на стомакот, изјави Димоски.
Од ударот, полицискиот службеник паднал на асфалтот, здобивајќи се со повреди по телото по што, бил префрлен во Општата болница во Охрид заради медицински преглед.
OhridNews


.jpg)









