Во организација на Македонското еколошко друштво, денеска во Струга се оддржува работилница „Традиционалното користење на природните ресурси, одржливото наспроти неодржливото искористување на ресурсите“.
На работилницата ќе се дискутира за тоа како во минатото сме се грижеле за природата, за постоечките проблеми со природните ресурси на Јабланица, но и за потенцијалите во однос на одржливото користење на ресурсите и за можниот бенефит на локалното население од таквите практики.
Работилницата е во рамки на проектот „Подобрување на прекуграничната соработка и развој на планинскиот масив Јабланица – Шебеник преку активна вклученост на локалното население“.
Инаку, проектот „Подобрување на прекуграничната соработка и развој на планинскиот масив Јабланица-Шебеник преку активна вклученост на локалното население“, е кофинансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија на Европската Унија, а Македонското еколошко друштво го спроведува во соработка со партнерски организации од Албанија и Германија.
OhridNews











