Под мотото „Продолжи да се движиш, движењето е живот“, од 16-18 септември во Хотел Бисер Струга ќе се одржи Вториот конгрес на физиотерапевти на Македонија во организација на националното здружение на физиотерапевти.

 

На конгресот покрај од Македонија, ќе се присуствуваат и физиотерапевти од Бугарија, Хрватска, Словенија, Србија, Италија, Албанија, Црна Гора, Велика Британија и Соединетите американски држави.

-Се очекува присуство и од другите здравствени профили имајки предвид големиот број на светски познати предавачи и иноватори од областа на физиотерапијата.Специјален гостин на конгресот ќе биде Д-р Кензо Касе иноваторот на добро познатата метода “кинезионтејпинг” ,кој во рамки на конгресот ке одржи дво часовна работилница со директна практична примена на оваа техника. – информираат организаторите.

Во рамки на програмата ќе се одржат шест работилници и околу 50 презентации во кои ќе бидат претставени истражувања од сите области на физиотерапијата.

Во текот на конгресот ке се одбележи и Светскиот ден на физиотерапевтите.

OhridNews