По неколку дневниот прекин на наставата во општина Струга, од денес таа се нормализира и се одвива редовно во поголемиот број училишта.

Како што информира раководителот на секторот за образование во струшката локална самоуправа, Џејми Хајредини, денес поради снежните наноси наставата единствено нема да се држи во ОУ “Гоце Делчев” во село Јабланица.

Во училиштето во село Велешта наставата е прекината поради проблеми со напојувањето со електрична енергија. Отежнато се одвива и  наставата во училиштето во село Лабуништа, каде дел од учениците не дошле поради снегот и студеното време.

Хајредини информира дека неколкуте денови кога наставата не се изведуваше во училиштата во општина Струга ќе се одработаат во текот на месец март или април кога ќе се подобрат временските услови.

OhridNews