Вчера околу 23,30 часот, во струшкото село Франгово, поради невнимание од истрел од пиштол повредено е едно лице.

Како што информираат од министерството за внатрешни работи, до инцидентот дошло кога Б.К. (16) , Р.М. (17), М.М.(17) и Ф.М.(19),  сите од село Франгово, седеле во патничко возило „форд сиера“, сопственост на Б.К.. Истиот, од невнимание од пиштол што го поседувал без одобрение испукал еден куршум и го погодил Р.М. во пределот на стомакот.

Повредениот е пренесен во Медицински Центар Струга, каде е задржан на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот, при што се одземени пиштолот, 36 куршуми и возилото.

По целосно расчистување и документирање на настанот, против Б.К. ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

OhridNews