-28.000 илјади граѓани добиваат здравствени услуги во Вевчани, посочи градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.
И покрај ваквиот развој на настаните, Мерко смета дека безбедносната состојба во оштината не е нарушена. Во насока на надминување на проблемите денеска се одржа средба на претстатавници на локалната самоуправа, Комисијата за меѓуетнички односи, локалниот совет за превенција и месните заедници од селата каде се случија инциденти изминатите денови, на која бил заземен став да се влијае кај населението со цел смириување на состојбите.
-Одење во друга крајност е опасно и оттаму сите треба да придонесеме за нормализација на состојбите вклучително и општина Вевчани, рече Мерко.
Апел за смирување на тензиите упати и струшкиот муфтија кој смета дека инцидентите што се случија по мирниот протест на муслиманските верници во петокот се дел од некое друго сценарио.
-Она што се случи потоа со кршење на автобусот и другите инциденти, некој сакал да го исценира, затоа што на протестот на кој присуствуваа голем број верници беше мирно и без инциденти, но доколку некој сака да прави одредени сценарија треба да се знае дека ИВЗ, муфтиството и верниците муслимани не стојат зад тоа, изјави струшкиот муфтија Ферат Полиси.
ИВЗ и натаму инсистира на извинување од општина Вевчани за карневалските маски кои ги навредија чувствата на муслиманските верници, што според нив ќе придонесе за смирување на состојбите. Доколку тоа не се случи во координација со верниците ќе бидат договорени идните активности, вели струшкиот муфтија. Општина Вевчани засега не е подготвена на ваков чекор. Оттаму остануваат на ставот дека карневалот се злоупотребува во политички цели, но не кријат дека се загрижени од развојот на настаните. Интерес за актуелните случувања во струшко, покажа и ОБСЕ , чии претстатвници денеска го посетија Вевчани, а состојбата будно ја следи и полицијата која ги засили безбедносните мерки.