Вчера, околу 16 часот, во струшко кај местото викано „Стари Боровец“ во атарот на селото Боровец, во близина на „Глобочичкото езеро „ од страна на локални рибари пронајден е женски леш во фаза на распаѓање.
Увид на лице место извршил истражен судија , Основен јавен обвинител и екипа од струшката Полициска станица.
Утврдено било дека се работи за телото на Ана С.(72) од село Ложани – струшко, која била пријавена како исчезнато лице во Полициската станица-Струга на 18.08.2011 година.
По наредба на Истражен судија телото на почината е предадено за обдукција.











