Според последните податоци од Центарот за управување со кризи, во струшкиот регион, поради снежните врнежи,  сеуште непроодни се патните правци кон селата Горна Белица, Модрич и Дренок.

Во моментов на ниво на Македонија отсечени се околу 75 села или 543 километри со околу 1500 граѓани, за кои засега нема дојава дека се наоѓаат во критична состоба, освен од едно лице во село Мгленце, општина Старо Нагоричане, за кое центарот добил известување дека му е потребна медицинска интервенција, по што е извршена итна евакуација на лицето во координација со тимовите на МВР.

ЦУК е во постојан контакт со лицата кои живеат во населените места што се отсечени и доколку постои опасност по нивниот живот, ќе се интервенира во координација со надлежните служби.

Екипите за расчистување на сите патни правци интензивно работат, а ангажирана е и дополнителна механизација од страна на приватни фирми.

OhridNews