По претходно добиена судска наредба, СВР Охрид реализира претреси во домот на Н.К. (36) и Н.К. (53) двајцата од селото Велешта. Претресите се извршени во содејство со криминалистичката полиција при Полициската станица Струга при што во домовите на овие две лица, дополнително пронајдени се и сребрени нараквици и белегзии, повеќе мобилни телефони различни марка, една Хилта марка „Хенкел„, една Бор машина марка „Бош„ неколку авто радио-касетофони, повеке мобилни телефони различна марка и друга поситна техничка опрема.
Со осоодветна потврда, пронајдените предмети се одземени и предадени за понатамошна криминалистичко-техничка обработка.
По целосно документирање на овој настан, против двете лица кои се во роднинаска врска ќе биде поднесена кривична пријава. Против Н.К. (36). Полициската станица од Струга и порано има поднесувано кривични пријави за недозволена трговија со опојни дроги.