233Зимата деновиве е во полна сила. Снежна покривка ги прекри и градовите, а температурите во голем дел од денот се во длабок минус. Сепак секојдневните обврски треба да се исполнуваат, како и да се набавуваат неопходните животни намирници. Сепак, пазарењето во студените денови сепак не мора да биде непријатно. Напротив. Сега може да пазарите удобно и безбедно од топлите домови со сервисот на достава на „Топ Маркет“.

Нарачките до 1000 денари се доставуваат до саканата дестинација со надомест од 50 денари, а за нарачка над 1000 денари, таа ќе биде бесплатна во границите на градот и приградските населби, односно од населба Рача до Велгошти и Лескоец на исток, населбата Далјан на запад и „Радојца Новичиќ“ (Црногорци) на север. Достава надвор од Охрид, без разлика на износот, ќе чини симболични 50 денари. За лица над 64 години, пак, достава ќе се врши бесплатно. – потсетуваат од „Топ Маркет“.

Доставата на производи ќе се врши од 09 – 21 часот, секој ден, освен во недела кога „Топ маркетите“ вон сезона не работат. На потрошувачите на располагање за нарачки им стои телефонскиот број 079 296 004 (од 09 – 21:00ч.). Откако ќе воспостават контакт со екипата за достава, нарачката ќе може да ја издиктираат или да ја пратат преку СМС или „Viber“ порака. Ќе треба да го наведат начинот на плаќање, кеш или со платежна картичка, како и примателот на нарачката. Испораката ќе се врши веднаш по потврдувањето на нарачката.

Непосредно пред испораката, уште еднаш се контактира купувачот за евентуална замена на производи кои можеби ги нема на залиха и се информира за сумата на сметката. Завршно се печати фискална сметка која се доставува заедно со нарачаните производи до купувачот. Доставувачите во себе ќе носат кусур до 2000 денари. При доставата ќе се почитуваат протоколите и мерките за заштита од коронавирус. – објаснуваат од „Топ Маркет“.

OhridNews