Министерството за образование ја објави конечната листа од конкурсот за прием на студенти од прва година во државните студентски домови и други објекти за сместување во земјава за учебната 2012/2013 година.

Според обавената листа, во студентскиот дом „ Никола Карев“ во Охрид, примени се 50 студенти.

На конкурсот за прием, кој беше објавен во јули, меѓу останатите услови беше наведено дека право на прием имаат редовни студенти запишани на академски студии од прв циклус на универзитетите и високообразовните установи во Република Македонија, редовни студенти кои се школуваат надвор од местото на живеење, редовни студенти на факултети кои имаат помалку од осум семестри и не повторувале академската година; редовни студенти на факултети кои имаат над осум семестри и не повторувале повеќе од две академски години; да се државјани на Република Македонија.

Студентите на кои им е изречена дисциплинска мерка исклучување (отстранување) од домот или имаат неподмирени долгови кон домот, немаат право на прием. Студентите кај кои Комисијата за прием ќе констатира злоупотреба на добиеното легло, истото ќе им биде одземено и доделено на студент од листата на чекање за соодветниот дом.

OhridNews