Најмалку 23 лица се повредени во судир меѓу два воза во западниот дел на Москва, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. 14 од повредените се хоспитализирани, а меѓу нив има и едно дете.

Шефот на московскиот разгранок на Министерството за вонредни ситуации, Илја Денисов, потврдил дека несреќата се случила поради тоа што машиновозачот на еден од возовите се обидел да избегне да прегази еден човек на шините и ја употребил сопирачката за итни случаи. Ќе биде формирана специјална комисија за да ги истражи околностите на судирот.