Понекогаш нашите луѓе можат да им одржат на „западњаците“ вистинска лекција по мултикултура. Двајца млади од Охрид кои посетувале курс по германски јазик во црквата Свети Ѓорѓија, одлучиле да дадат и свој придонес кон збогатување наставата, па понудиле да бидат предавачи – волонтери по турски јазик. Дипломираниот филолог по турски јазик и книжевност Кристина Симоноска и Атила Мустафа од Охрид, веќе неколку месеци (од февруари) раководат бесплатен курс по турски јазик.
„Со помош од црквата Св. Ѓорѓија и Католичката црква од Охрид кои многу ни помогнаа во организација, се одлучивме за ваков чекор“ објаснува Кристина „Курсот се одржува два пати неделно по два часа и има добар интерес. Околу 30-на души, најмногу Македонци сакаат и доаѓаат да ги изучуваат основите на турскиот јазик плус конверзација – дел кој го води Атила“.
Меѓу нив е Мики Милески, стажант во охридскиот општински суд:
„Имам многу познаници и пријатели Турци, овде во Охрид. Желба ми е што повеќе да совладам од нивниот мајчин јазик и што подобро да комуницирам со нив иако тие немаат проблем со владеењето на македонскиот. Пред да дојдам знаев по некој збор турски, но сега се чувствува значителен напредок“ вели Мики.
Желба на Кристина и Атила е курсот да стане долгорочен проект. Овој курс за почетници ќе трае до јули, а од септември се надеваат има и почетен и продолжителен курс – доколку има заинтересирани.
Вчера во 18:10 часот во СВР Охрид лице од Скопје пријавил дека неговиот 32-годишен син со кого престојувал во автокамп во Охрид го напуштил кампот по што, на плажата пронашол дел од неговите алишта...
Австралиско-македонскиот комичар, автор на содржини и водител на подкаст емисија – My Cousin Vlad роден како Саш Мишевски, на 23 септември пристигнува во Охрид со своето актуелно шоу „Total S...
Делегација од Министерството за регионална соработка на Израел којашто е во неколкудневна официјална посета на државава денес оствари средба со градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков На ср...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.