Годинава, по втор пат по повод чествувањето на Светите Кирил и Методиј, во катедралната црква „Света Софија“ ќе се одржи концерт  на растечката генерација македонски пијанисти под уметничко раководство на проф. М- р Кристијан Каровски. На концертот кој ќе започне во 20 часот, воведна реч ќе одржи проф.д- р Димитар Пандев.

Ќе бидат изведени дела од Бетовен, Шопен, Дебиси, Шуберт, Рахманинов, Григ.

Концертот е подржан од Македонската праволсавна црква и фестивалот „ Охридско лето“.

OhridNews