Најдоцна до октомври оваа година, во крајбрежната населба Св. Стефан треба да започне изградбата на новиот хотел „Малибу“ на познатиот охридски бизнисмен Стојан Ѓоргоски.

Според првичните проценки, инвестицијата вредна 2,5 милиони евра од кои 500 000 на тур-операторот ТУИ, треба да биде готова до крајот на април идната година.

Жан Крајнен, менаџер продукт  од ТУИ Холандија и Белгија и главен застапник за Македонија, денеска официјално се согласи  да инвестира во фирмата „Зора“ во реонот на Св. Стефан. Покрај него, во посета беше и Роберто Велески, сопственик на агенцијата „Охрид холидејс“. Според нашите последни контакти со градоначалникот Никола Бакрачески, дадено ни е ветување дека до крајот на месец август ќе се заврши процедурата за изработка на план за изградба на хотел во оваа крајбрежна населба. Доколку се оди според предвиденото, на 1-ви октомври оваа година би започнала изградбата на хотелот „Малибу“.“ – вели охридскиот бизнисмен Стојан Ѓоргоски, сопственик на компанијата „Зора“.

Се работи за изградба на модерен хотел со четири ѕвезди, во кој се предвидени велнес и спа центар, односно базен.

Наша обврска е да го изградеме хотелот, а ТУИ како тур-оператор ќе биде обврзан во наредните пет години да носи гости во нашите капацитети. Изградбата треба да заврши во април 2015 година, а првите гости ќе ги очекуваме во периодот од 1-ви до 8-ми мај.“ – потенцира Ѓоргоски.

OhridNews