Меѓународниот ден на трудот 1-ви Мај, во повеќето земји традиционално се одбележа со низа протести на работниците и работничката класа. Иако во некои делови на светот овие демонстрации се забранети, сепак оваа година ќе биде запаметана по стотиците илјадници луѓе кои го кренаа гласот против репресијата од работодавците.

Во Скопје на првомајските протести излегоа околу 200 луѓе, кои го искажаа својот револт од кршењето на работничките права. Иако претходно претседателот на ССМ Живко Митревски се пофали дека во земјава се почитуваат правата на работниците, граѓаните со сосем поинаков став.

Некако не е логичен ставот дека се почитуваат правата на работниците во земјава, кога сите сме сведоци дека работодавците налагаат да се работи и за време на празниците. Законите се кршат, a вработените не сакаат да коментираат поради страв да не останат на улица.“ – вели наш сограѓанин.

Почуден е фактот што повеќето граѓани се жалат од некоректниот однос на своите работдавци, а воопшто не се приклучуваат на првомајските протести.

Очигледно дека нашиот народ е повеќе за скара и пиво, отколку да се избори за своите права. Охрид како град, пред повеќе од две децении беше буквално работнички. Вработените се испуштија од големите фирми, на дел не им се исплатија платите, а сепак работниците се уште молчат. Едноставно Македонија е пример за еден голем парадокс.“ – вели охриѓанец, кој до пред 20 години бил вработен во една од најголемите фабрики за производство во поранешна Југославија.

ССМ веќе три години не организира протсти на 1-ви Мај, а претседателот Живко Митревски изјави дека за правата на работниците  се бореле преку целата година.

Инаку, Македонија е една од ретките земји каде овој ден се одбележува традиционално со излети и скара, наместо со првомајски протести.

О.Т.
фото: „Макфакс“/OhridNews