Бројните верници кои за Велигденските празници се во Охрид, денес, можат да присуствуваат на вечерната богослужба која на првиот ден од Велигден, традиционално се одржува во црквата Света Софија.

Со почеток во 17 часот, во овој верски храм, ќе се одржи Второ Воскресение со читање на светото Евангелие на повеќе странски јазици, едноцрквие.
Како и секоја година на присутните верници ќе им се делат и велигденски јајца.

OhridNews