Дел од просветните работници се жалат дека и покрај потпишаниот меморандум и добиените бесплатните билети изработени од СОНК, мораат и понатаму да плаќаат за превоз до своите работни места во околните села .

Од локалната самоуправа информираат дека просветните работници ќе може бесплатно да патуваат со билети кои ќе се изработат од страна на превозникот АД „Галеб“, а врз доставен список од СОНК.

– Списокот од СОНК е веќе испратен до превозникот каде во тек е изработката на месечните бесплатни билети кои деновиве ќе им бидат дадени на просветните работници, велат од локалната самоуправа.

Минатата недела, Градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески и претседателот на регионалниот СОНК, Ацо Речкоски, потпишаа меморандум за соработка со кој се регулира покривањето на патните трошоци на околу 170 просветни работници во општината кои секојдневно патуваат до нивните работни места. Во иднина овие трошоци ќе ги надоместува локалната самоуправа.

Т. К.