Студијата е финансирана од страна на акционерското друштво МЕПСО, а се изработува од страна на консултантски куќи од Канада.
– Доколку физибилити студијата, односно мастер планот ,покаже дека има економска оправданост ќе пристапиме кон реализација на овој проект, кој јас лично сметам дека револуционерно ќе ја промени туристичката стратегија на градот Охрид не само во текот на летната сезона, туку и во зимската сезона и во текот на целата година, истакна градоначалникот Бакрачески.
Проектот за изградба на скијачки центар на Галичица беше на дневен ред и на втората седница на Локалниот економски совет. Како што рече градоначалникот Бакрачески, целта е да се чуе мислењето на членовите на советот околу развојот на мега проектот.