Изведувач на активностите за изградба на современ затворен зелен пазар, односно приватен партнер е АД Илинден од Струга, кој беше избран на тендер за доделување на договор за Јавно Приватно Партнерство. Како што информира директорот на ЈП Градски пазар, Тони Коталески, изградбата се очекува да започне многу наскоро.

Во тек е изработката на Основниот проект, за конечно Охрид како туристички центар  да добие затворен современ зелен пазар. Пазарот ќе се протега на 1230 метри квадратни, ќе биде целосно опремен со тезги, ќе има 200 метри квадратни деловни простории, исто така ќе добиеме и 10 паркинг места за потребите на ЈП, објаснува Коталески.

Приватниот партнер е предвидено да ја реновира и фасадата на постојниот објект, како и да изгради нова покривна конструкција на постојната зграда, како и да ја подели халата за текстил на две нивоа.

OhridNews