Веќе неколку дена во просториите на општина Охрид е достапен на увид Нацрт план за изменување и дополнување на Детален урбанистички план за УЗ 17 УБ 17.4, плански период од 2013 до 2018 година. Според најавите, оваа јавна анкета ќе трае заклучно со 22 октомври 2014 година, а утре на 15-ти октомври со почеток во 13 часот ќе биде одржана и јавна презентација за истиот нацрт план.
-Граница на планскиот опфат во Нацрт планот за изменување и дополнување на Деталниот урбанистички план за УЗ 17 УБ 17.4, оформена е од: булевар „АСНОМ”, улица „Маршал Тито”, КП 7220 (канал Биљанини извори) и новопредвиден крак на улица „Партизанска”. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот е истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци. Стручната служба дава објаснување секој работен ден од 10 до 15 часот во просториите на општината, стои во соопштението на охридската локална самоуправа.
Во него се појаснува дека сите заинтересирани граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета можат да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.
OhridNews