Општинскиот инспекторат продолжува со спроведување на засилени контроли на плажите на охридското крајбрежје со цел утврдување дали се почитуваат одредбите наведени во договорите за закуп на плажите. Како што нагласуваат од локалната самоуправа, по извршените контроли на поставената урбана опрема, следуваат и контроли околу исполнувањето на финансиските обврски на концесионерите кон општината.
– Концесионерите продолжуваат да го избегнуваат подмирувањето на своите обврски кон општината. Крајниот рок за плаќање на концесиите беше во мај, но голем број од концесионерите и по овој рок не ги уплатија средствата.Откако им беше воочено дека ќе дојде до раскинување на договорите за закуп на плажите некои од нив ги уплатија парите, но сеуште има концесионери кои не ја исполнале оваа своја обврска кон општината, поради што им се заканува раскинување на договорите. Надлежните се категорични дека законот во целост ќе се спроведува, велат од локалната самоуправа.
Оттаму, најавуваат дека наскоро , по теркот на УЈП, согласно законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на општинската интернет страница ќе се објавуваат имињата на должниците кон општината.
Т.К.