Одржана јавна дебата со заинтересирани граѓани за под-проектот “Модернизација на јавното осветлување/ замена на постојните улични светилки со нови лед светилки во населените места во Општина Дебрца“. Проектот ќе се финансира преку Министерството за финансии, со под-заем и грант, во рамките на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка.
Како Општина имаме аплицирано во рамки на програмата од Министерството за финасии за енегретска ефикасност во јавниот сектор за средства кои преку Светска банка ги има обезбедено држававата. Советот на Општина Дебрца уште во мај месец минатата година донесе Одлука за дел од јавното осветлување да се замени со лед светилки. Апликацијата е првично одобрено, но во тек е постапката, во рамки на која беше и одржана јавната дебата со заинтересирани граѓани, вели градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.
Во текот на јавната дебата од страна на изработувачот на Физибилити студијата за модернизација на јавното осветлување било дадено образложение на истата.
80% од средствата ако дефинитивно се одобрат, се поголем кредит од Министерството за финасии што го дава на општините, а 20% е грант. Планираме првично да земеме средства за замена на постоечките со лед светилки за десетина села за да во износ од околу 200 000 евра, додава градоначалникот.
По јавната дебата постапката продолжува понатаму, со што следува Физибилити студијата да биде разгледана од консултанскиот тим од Министерството, по што ќе биде доставена техничката документација ако се одобрат средствата, додава градоначалникот Ногачески.
Н.С.Ј.













