Тече пријавувањето за 28. издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Богородица куп 2026“, кој и ова лето ќе се одржи во Волино, Општина Дебрца. Турнирот со години е еден од најпрепознатливите спортски настани во регионот, привлекувајќи голем број екипи и љубители на малиот фудбал.

Екипата на Сатеска по триумфот на „Богородица куп“ во 2025 година. Фото: Анамарија Момироска – OhridNews

Пријавувањето на екипите трае до 6 август, додека извлекувањето на групите е закажано за 7 авгус. Натпреварите ќе започнат на 8 август.

Котизацијата за учество изнесува 5.000 денари, а годинава е обезбеден награден фонд од 350.000 денари. Победникот ќе освои 200.000 денари, второпласираната екипа 100.000 денари, третото место носи 40.000 денари, а четвртопласираната екипа ќе добие 10.000 денари.

Предвидени се и традиционални индивидуални признанија за најдобар стрелец, најдобар играч и најдобар голман на турнирот.

За пријавување и дополнителни информации заинтересираните екипи можат да се обратат на телефонските броеви 075 811 845 (Даниел) и 075 977 961 (Никола).

Организаторите и годинава очекуваат силна конкуренција, атрактивни натпревари и исполнети трибини во Волино.

OhridNews