Со средства од буџететот на општина Вевчани, се реконструираат и разубавуваат двата мостови на Вевчанска река.

Како што информира градоначалникот Цветомир Угриноски, мостовите се градат од камен, а ќе бидат поставени и огради од ковано железо, канделабри, ќе се изградат пешачки патеки, по што ќе се изврши и осветлување на мостовите со што тие ќе добијат сосема нов лик.

По завршувањето на проектот за реконструкција на мостовите, во Вевчани ќе следи асфалтирање на улицата која води кон селото Подгорци и довршувањето на Спортската сала. Во подготовка е и студијата за изградба на скијачки терени, како и проектот за изградба на плоштадот во Вевчани. 

OhridNews