Охриѓани, увидот можат да го извршат секој ден од 7 часот и 30 минути до 19 часот, вклучувајќи ги и деновите од викендот, во просториите на подрачното одделение на Државната изборна комисија, кои се наоѓаат во општинската зграда. Со истиот интензитет ќе работаат и месните канцеларии во Пештани, Косел, Белчишта, Велмеј и Требеништа.
Роковите за увидот се скратени, согласно изборниот законик, поради тоа што се работи за предвремени парламентарни избори. Веднаш по затворањето, Државната изборна комисија најдоцна за десет дена ќе го заклучи Избирачкиот список, во кој ќе се направат сите промени кои произлегле од увидот.