Како што информираат од Центарот за јавно здравје, децата на возраст од шест месеци до 18 години се вакцинираат во ЈЗУ Здравствен дом Охрид, РЕ Превентива за деца и младинци ( оддел за вакцинација). Лицата кои се невакцинирани или немаат податок за вакциналниот статус, како и оние кои имаат примено само една доза вакцина МРП се вакцинираат во ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид ( Завод за здравствена заштита ).
Од Центарот за јавно здравје информираат дека во општина Охрид засега нема ниту еден заболен од морбили.
И покрај тоа, согласно донесената одлука од страна на министерството за здравство, се почитуваат воведените вонредни мерки . Тоа значи дека во рамки на инфективното одделение е обезбеден посебен влез и посебни стационарни одделенија за згрижување на евентуални пациенти со морбили. Матичните лекари имаат можност неограничено да даваат упати за инфективните одделенија, без притоа Фондот да им ги пресмета во квотата за упатување.