Во тек се градежни активности за поставување на нова фекална канализација на улиците „Будва“ и „Винковачка“.
Увид на градежните активности денес изврши градоначалникот Кирил Пецаков.

Според проектот, на улицата „Будва“ фекалната канализација е во должина од 225 метри, а се поставуваат Ф300 цевки, додека на улицата „Винковачка“ е 135 метри и се поставуваат Ф200 цевки. Вкупната вредност на проектот изнесува 1 977 516 денари, информираше Пецаков. 

Претходно, на денешната седница на Совет на Општина Охрид беше информирано дека  дел од средствата за реконструкција на улиците „Будва“ и „Прилепска“ ќе бидат  пренаменети. Како што беше истакнато, ова не значи кратење на средствата, туку пренамена на истите во посебни ставки и внесување во  буџетот  на Општина Охрид за Програмите за следната година.

 

OhridNews