Во тек е пријавувањето за конкурсот на Културолошка Иницијатива 5 до 12- Охрид на тема: „Културата расте со младите“, во кој млади од 14- 23 години можат да учествуваат во 3 категории: проза (есеј, расказ и сл.), поезија (слободен стил) и ликовни творби (слободен стил).  За  победниците следат вредни награди.

Целта на конкурсот, како што велат, ја поткрепи нивната мисија за подигање на културната свест и пружање шанса на младите да ги истакнат своите таленти и вештини пред јавноста.

Конкурсот е најава за почеток на алтернативното културно- забавно лето 2020 година, за кое тимот гарантира незаборавни настани.

Пријавувањето е до 30 јуни.

OhridNews