Во тек се активностите за реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ кои беа ставени во мирување во текот на летниот период.
Со оваа фаза опфатено е уредувањето на коловозот, тротоарот и велосипедската патека, зелен појас и јавно осветлување, односно исто како и претходните фази. Рокот за завршување на активностите е проектиран да биде околу први ноември, велат од Општина Охрид.

Улицата „Македонски Просветители“ се затвора за сообраќај на потег од крстосницата со Бул. „Туристичка“ до крстосница со ул. „Димитар Влахов“, а сообраќајот се пренасочува по околната улична мрежа, при што истиот ќе се одвива согласно време поставената сообраќајна сигнализација.
Инаку, активностите за реконструкција на улицата започнаа минатата година. Согласно проектот предвидено е комплетно булеварско решение со осветлување, двосмерна велосипедска патека, пешачки патеки од двете страни и нови коловозни ленти одвоени со зелен појас.
Н.С.Ј.












