Во тек се февруарски уписи во Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид на деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.
Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, кои ќе помогнат децата да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал и да бидат спсобни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно. Овозможете му на Вашето дете да биде дел од најдобрата детска академија во светот!- велат од Црвен крст Охрид.
Заинтересираните подетални информации ќе можат да добијат на отворениот ден за БОБ програмата на 05.02.2022 г. (сабота) од 14-16 ч. во просториите на Црвен крст Охрид, како и во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 8-16 ч.
OhridNews












