Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено на исток и во југоисточните делови процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на краткотрајно невреме со порен дожд, чести грмежи и засилен ветер.

Во Охрид и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, кон крајот на денот и вечерните часови облачноста ќе се зголеми, но не се очекуваат врнежи од дожд. Максималната температура ќе се искачи до 26 степени.

OhridNews