Во текот на вчерашниот ден изгаснати се 25 пожари на отворен простор на повеќе места во државата, известуваат од Центарот за управа со кризи.
Од пожарите шест се во околината на Куманово, четири во околината на Скопје, по два во Охрид и Велес и по еден во Свети Николе, Штип и Гевгелија. Како што известија, изгаснат е и пожар во Новаци, Карбинци, Долнени и Лозово.
ТППЕ Охрид во период од 16:45 до 17:25 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари гаснале запалено стрниште кај „Андон Дуков“ блиску болницата „Св.Еразмо“. Во период од 21:15 до 22:00 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари гаснале запалена пилевина во с. Горенци од страна на Аеродромот, информираат од ЦУК.
Центарот за управа со кризи апелира до сите граѓани да внимаваат да не предизвикаат пожар.
OhridNews












