Синоќа околу 23 часот и 30 минути, во спортската сала при основното училиште  “Христо Узунов”, се случила тепачка во која полесно е повредено едно лице.

На тепачката и претходела вербална расправија помеѓу две лица, по што едниот извадил нож со помало сечиво и го прободел другото лице во пределот на грбот.

Како што информираат од СВР- Охрид, учесниците во тепачката попладнево биле повикани на распит и случајот е расчистен. Против лицето кое го извршило физичкиот напад ќе биде покрената соодветна кривична пријава.

OhridNews