Ноќеска во 00,20 часот во кафе бар на ул.„П.Чаулев“ во центарот на Охрид, дошло до тепачка помеѓу П.П.(22) и Д.С.(20). Имено, П.П. започнал расправија со непознато машко лице кое било гостин во објектот, во тој момент Д.С. го предупредил за неговото однесување. Тогаш П.П. почнал да го турка Д.С. и од појасот извадил сигнален пиштол марка „Екол“, кој не го вперил во никого, а ниту го употребил. 

Од страна на полициски службеник со потврда за привремено одземени предмети сигналниот пиштол  е одземен. СВР-Охрид против лицата инволвирани во инцидентот ќе поднесе соодветна пријава.

OhridNews