Утрово околу 05,25 часот во Охрид на паркинг просторот кај СРЦ„Билјанини Извори“ пред клубот „Експана“, засега непознато лице со остар предмет му нанело расекотина во пределот на вратот на К.Б.(39), додека Д.Т.(22) од Охрид бил удрен со шише во пределот на главата. К.Б. е хоспитализиран во болницата „Св.Еразмо“,  додека Д.Т. по укажаната лекарска помош во општата болница е пуштен на домашно лекување Полицијата привела две лица за кои се сомнева дека го извршиле нападот.

Инцидент ноќеска се случил и пред ноќниот клуб „Хавана“. Од страна на обезбедувањето на Ј.Н. не му било дозволено да влезе во објектот затоа што не бил соодветно облечен.  Потоа Ј.Н. влегол во блиското казино и по кратко време излегол со нож во раката и почнал да замавнува кон обезбедувањето и другите присутни, но бил спречен од страна на полициски службеници. Ј.Н. бил приведен и задржан во ПС-Охрид, а при приведувањето употребена е физичка сила затоа што се спротиставувал на полициските службеници, соопшти МВР. Од него бил одземен нож  со сечиво од 13см., а по документирање на слушајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews
извор:МВР