Синоќа, околу 1 часот и 20 минути, во кафе бар на улицата „Коста Абраш“ , по претходна расправија настанала тепачка помеѓу  М.Б. (17) од Охрид  и Д. Н.

Имено, Д.Н.  го турнал М.Б.  поради што настанала расправија, која прераснала во тепачка во која си разменале удари со тупаници. Во тепачката  потоа се вклучил и О.М.(17) од Охрид, кој на М.Б.со остар предмет му нанел повреди по телото,  по што избегал.  На М.Б.  укажана му е лекарска помош во Медицинскиот центар во Охрид, каде од страна на лекар констатирана е тешка телесна повреда и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Увид на лице место извршила увидна екипа од охридската полициска станица и во тек се  мерки за пронаоѓање на Д.Н. и О.М.  и за  целосно расчистување на случајот.

OhridNews