Како што информираат од министерството за внатрешни работи, вчера, околу 4 часот во ноќен клуб , по претходна вербална расправија, настанала тепачка помеѓу две лица од Охрид кои биле под дејство на алкохол.

Во меѓусебната расправија едното лице го удрило другото со пивско шише во пределот на главата, а тоа му возвратило со удар со тупаница во пределот на лицето. Во тепачката едниот учесник се здобил со видливи повреди во вид на расекотина во пределот на главата, а со огреботини во пределот на стомакот и подлив на десната страна од лицето се здобил другиот учесник, по што и на двајцата им е укажана лекарска помош во Општата болница. Со лицата е обавен разговор во СВР-Охрид и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера попладнето, во Охрид се случила уште една тепачка во бифе, по претходна расправија помеѓу двајца охриѓани и 5 непознати лица, од кои едно од Велес, а кое престојувало во Охрид.

Во тепачката лицата си размениле удари со тупаници и клоци во пределот на главите и телата, при што двајцата охриѓани се здобиле со видливи повреди во вид на расекотини на главите и повреди на носот за што им е укажана лекарска помош во Општата болница.

СВР-Охрид презема мерки за пронаоѓање на останатите лица кои учествувале во тепачката и за целосно расчистување на случајот.

OhridNews