Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на магистралниот пат Охрид – Кичево, помеѓу селата Климештани и Ботун, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Според првичните информации, од засега непознати причини дошло до судар на комбе со управувано од жител на Охрид и патничко возило со скопски регистарски ознаки. Во незгодата смртно настрадал возачот на патничкото возило, жител на Скопје, а две лица се повредени.Тие се хоспитализирани во специјалната болница „Св. Еразамо“.

На местото на несреќата извршен е увид.

OhridNews