Синоќа во 22.00 часот на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(21) од с.Батинци, скопско и патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(48) од Скопје.

Двајцата возачи починале на местото на настанот, соопшти МВР.

На местото на несреќата извршен е увид, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција.

OhridNews