На 15.07.2007 година, во 19,00 часот, кај месноста викана „Макази“-Ресенско, се случила сообраќајна незгода во која моторцикл марка „јијинг“ 150 Т-10 управуван од Оливер Целески (31) од с.Долно Лакочереј-Охридско, изгубил контрола и удрил во браникот на патот.

Во несреќата како што соопшти МВР, Целески  се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничка болница-Битола, каде им подлегнал на повредите.