Утрово, околу 8 часот, на магистралниот пат Охрид- Кичево, кај Подмољје ,се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувало патничко возило Ауди со охридска регистарска таблица и автобус од Ресен.

Тешко повредени се две лица кои се наоѓале во патничкото возило кои по несреќата веднаш се пренесени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “ Св. Еразмо”. Според информацијата од СВР- Охрид тие се наоѓаат вон животна опасност.

Во тек е увид на местото на несреќата за утврдување на причините поради кои се случила.

ОhridNews