Околу 14.30 часот на регионалниот пат Охрид- Дебар кај местото Лабунишки ливади се случила тешка сообраќајна незгода во која учествувале три возила од кои едно товарно со скопски регистарски таблици, еден џип со албански регистарски таблици и едно патничко моторно возило со швајцарски таблици, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Во незгодата која се случила поради неприлагодена брзина на патот и лизгав коловоз повредени се шест лица. Од нив едно лице се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено најпрво во струшката Општа болница, по што било препратено на лекување во Специјалната болница за ортопдеија и трауматологија „ Св. Еразмо“ и во моментов се наоѓа надвор од животна опасност. Останатите пет лица се здобиле со полесни повредни и по извршениот преглед во струшката болница се пуштени на домашно лекување.

OhridNews