Денес во Тирана започнува Планирачка работна средба на ГИЗ за втората фаза на Проектот за заштита на езерата во Дримскиот Басен. Целта е да се идентификуваат проектни активност за да се зголеми  заштитата , мониторингот , трансграничната соработка.

Отворањето на Дримскиот проект и на Биосферниот резерват отвори и врата за нови инвестиции во заштитата на вредностите на Охридското Езеро и другите езера во басенот. Планираме активности и проекти за да ја засилиме интернационалната заштита на водните ресурси и вредностите околу нив, вели Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за заштита на сливот на Охридското Езеро.

Гиз и за втората фаза одвојува средства во висина од околу 2 милиони евра за спроведување на нови активности кои ќе поддржат функционирање на прекуграничните тела, ќе го зајакнат мониторингот врз биодиверзитетот на езерата со помагање на Научните институции и ќе ја подигнат важноста за заштита на вредностите.

OhridNews