Фотографија на премиерот Никола Грувски, била запалена на протестите во Тирана, по повод случувањата во Скопје на поддржувачите на Талат Џафери, пренесува „Тетова1“.
Како што пренесува порталот, демонстрантите барале да се преземат сите законски мерки против кршењето на правата на Албанците во земјава.
Инаку, во саботниот протест, етничките Албанци дивееа низ скопските улици при што повредени беа неколку полициски службеници, запален беше автобус на ЈСП-Скопје, оштетен беше Музејот на холокаустот и неколку возила.
OhridNews