Во рамките на официјалната посета на збратимениот град  Трогир- Хрватска, градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески и градоначалниците на збратимените градови на Трогир, потпишаа Меморандумот за идна соработка на збратимените градови во областа на културното наследство.


Градоначалниците на збратимените градови на Трогир, од кои дваесеттина се од земји членки на ЕУ, учествуваат на Меѓународната конференција за заштита на културното наследство.


Тема на овој голем собир е размена на искуства и заеднички проекти за користење на средства од ИПА фондовите на ЕУ наменети за заштита на културното наследство.

Договорено е следната конференција да се одржи во Охрид.

OhridNews